Енергетска транзиција - Клуч за одржлива иднина и енергија во рацете на граѓаните

Енергијата ја користиме за патување, за осветлување и греење на нашите домови, за да ја произведеме храната и безброј други работи. Пристапот до енергијата е клучен за сите. Начинот на кој ја произведуваме и трошиме енергијата има големо влијание врз нашата благосостојба, но и врз животната средина. Затоа и енергетскиот систем треба да ги земе во предвид ограничените ресурси на нашата планета и да служи за потребите на сите.

Традиционалните извори на енергија како фосилните горива и јагленот ги влошуваат климатските промени и ги ставаат во опасност луѓето и животната средина. Нив треба да ги замениме со одржливи извори на енергија како ветрот, сонцето и водата кои лесно се обновуваат.

Граѓаните наместо да бидат пасивни потрошувачи можат самите да ја произведат енергијата која ја трошат. Мора да се поттикнат промени на европско, национално и локално ниво кои ќе ги стават во фокусот потребите на граѓаните, наместо традиционалните енергетски системи кои ги фаворизираат големите корпорации, а донесувањето на одлуки за цени и производство се ограничени на мал број на луѓе мотивирани само од профитот.

Потрошувачите мора да имаат поголема информираност за енергетските пазари, и заштита од енергетските монополи. 

Здружени граѓаните може да побараат побрза енергетска транзиција која ќе овозможи одржлива иднина. 

Погледнете ги деталите во едукативното видео на Green European Foundation со македонски превод.