Беноа Монаж, Директор на Француската фондација за политичка екологија и член на Бордот на директори на Зелената европска фондација, се обрати до македонската публика по повод објавата на Зелениот европски журнал на македонски јазик.
Монаж порачува дека климатските промени се забрзуваат, биодиверзитетот е загрозен, ги исцрпуваме ресурсите и ја уништуваме животната средина. Равенството е јасно, нашата Планета има ограничени ресурси и ние НЕ треба да ги надминеме овие ограничувања ако сакаме да се одржи животот. Истовремено, нашиот економски систем ја зголемува нееднаквоста и ги оттргнува луѓето од здраво и исполнето живеење.
Повеќе детали за содржините на Зелениот европски журнал на македонски јазик може да најдете на следниот
линк.