Актуелно

„БАЛКАНСКИ ИСТРАЖУВАЧИ: ПРЕКУГРАНИЧНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“ – РАБОТИЛНИЦА ВО БУГАРИЈА

Зелената Европска Фондација организира тренинг работилница за млади новинари од Бугарија, Македонија и Србија, со поддршка од Фондацијата BlueLink. Настанот ќе се одржи во Бугарија, помеѓу 18 и 21 Јуни 2016.

Работилницата е со цел да ги поддржи младите и активни новинари од Бугарија, Македонија и Србија кои се заинтересирани за практицирање на истражувачко новинарство , пренесување на стории за еколошките опасности и истражување на нови оддржливи решенија кои ги нуди Зелената економија. Овој настан е дел од проектот „Засилување на Зелената економија преку новинарството и нови креатори на политики“, организиран од Земената Европска Фондација, со поддршка на Фондацијата BlueLink (Бугарија), Здружението за одржлив социо-економски развој Изгрејсонце (Македонија) и Асоцијацијата Други Нови Центар (Србија).

Тренингот претставува голема можност за младите новинари и професионалци кои се заинтересирани за практицирање на истражувачко новинарство во јавен интерес. На учесниците ќе им понуди важен увид во прекуграничните прашањата на животната средина на Балканот и Зелените политики како алтернативни решенија. Ова искуство ќе послужи како платформа за размена на знаења и шанса за подобрување на професионалните вештини на учесниците. Работен јазик на тренингот е англискиот.
Работилницата ќе биде водена од д-р Павел Антонов, главен уредник на Evromegdan.bg кој претставува виртуелен весник на Фондацијата BlueLink; Пол Браун, уредник, Climate News Network; Златко Симоновски, истражувач и новинар и Беатрис Вајт, заменик уредник на Green European Journal.

Цел на работилницата

Владеењето на правото и демократските механизми не се доволни за да се заштити природата и јавниот интерес. Етичкото професионално истражувачко новинарство е од суштинско значење за подигање на свеста и промовирање на зелени политички решенија во општествата на југоисточна Европа. Успешните приказни за еколошките и социјалните промени, еколошката правда и Зелените политики застапувани од новите политичари, креатори на политики и активисти не успеваат ефективно да допрат и да ја испирираат јавноста во целина.

Затоа работилницата има за цел:

- Изградба на професионални вештини и интегритет на млади и активни новинари;
- Креативно и професионално ангажирање во виртуелниот свет на вести со креирање на артикли за еколошки промени;
- Нивно водење при објавувањето и поуларизацијата на новинарските артикли (со текст и слика) на англиски и нивните мајчини јазици;
- Овозможување на новите креатори на политики, зелените политичари, академци и експерти од граѓанскиот сектор за поттикнување на новинарското разбирање на достапните успешни случаи, технолошки и политички решенија.

АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА РАБОТИЛНИЦАТА Е ОТВОРЕНО!

За да аплицирате пополнете ја апликационата форма . Крајниот датум е петок 3-ти јуни 2016 (полноќ по Централно Европско Време).

Забелешка: Трошоците за патувањето, сместувањето и тренингот се покриени од организаторите.