Актуелно

GEF и Изгрејсонце: Граѓаните да добијат поголема контрола над енергијата за праведна транзиција кон зелена економија

Во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF, се одржа онлајн вебинар во рамки на проектот „Трансформација кон енергетска демократија“.

Енергетската демократија е значаен процес кој ќе овозможи граѓаните да имаат поголема моќ во поглед на нивните енергетски потреби, со што се создава подемократско и поинклузивно општество преку решавање на состојбата на демократијата во рамките на ЕУ и земјите кандидати, како и разгледување на економски алтернативи и итноста на климатските промени.

Во име на организаторот се обратија: Александар Ѓорѓиевски како модератор на настанот и Национален координатор на проектот, како и Дирк Холеманс, ко-претседател на GEF-Green European Foundation и основач и координатор на Oikos Think Tenk од Белгија кој како автор ја претстави публикацијата „Граѓанска енергија: Остварување на енегетска демократија“ со издание во македонски превод.

dirk holemans

„Треба да се стави крај на енергетската сиромаштија, да се отворат зелени работни места, да се зајакне партиципативната демократија, да се видат вистински промени и ако ова го примениме во енергетиката ќе стигнеме до принципот на енергетската демократија. Обновливата енергија има цена за да се инсталираат системите, и треба да се размислува не само за намалување на сметките за струја, туку и да се подобри енергетската ефикасност. Никој нема монопол над сонцето и ветрот“, истакна Холеманс.

20201218_105836

„Видлива е енергетската сиромаштија во Северна Македонија и земјите од Југоисточна Европа, како последица на зголемување на цената на електричната енергија, но и воопшто на енергијата, падот на стандардот и големите проблеми со нискиот степен на енергетска ефикасност на застарените градби во кои станарите немаат средства за реновирање на домовите. Самото загадување во зимските месеци е директно како резултат на енергетската сиромаштија поради несоодветните системи за греење“ истакна проф. Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер.

„Најраливите категории на граѓаните се најзасегнати од климатските промени, затоа транзицијата мора да биде праведна, да се промени економскиот модел кон зелена и циркуларна економија, тоа е пат на кој ќе има многу препреки затоа што за секоја промена е потребно време, но сите заедно здружени можеме да направиме овие промени да се случат. Енергетската ефикасност и енергетската транзиција се дел од една идеја базирана на придвижување кон поголема искористеност на обновлите извори на енергија. Со подзаконски акти и промена на регулативата треба да им се овозможи на помалите субјекти и граѓаните на исплатлив начин да поставуваат фотоволатаци и директно да учествуваат во производството на соларна енергија бидејќи сегашните услови се ограничувачки и не делуваат мотивирачки. Клучно е во целиот процес искористувањето на бенефитите од сончевата енергија да ги уживаат граѓаните, а не само големите бизниси“, истакна Маја Морачанин, пратеничка и лидерка на зелената партија ДОМ.

1608285566781_melani furlan

„Сега се фокусираме на поставување на 1000 соларни панели на крововите на домаќинствата во Хрватска. Работиме на развој, создавање на нови партнерства, зајакнување на локалните заедници, со поголема едукација и дигитални алатки кои им се на располагање на граѓаните“, истакна Мелани Фурлан од „Зелена енергетска задруга“ Загреб, Хрватска – организација која е дел од RESCoop – Европската федерација на енергетски задруги која брои преку еден милион членови низ Европа.

„Зелената европска фондација и Изгрејсонце во претходните три години беа пионери на темата Енергетска демократија во Северна Македонија. Ќе продолжиме со разработка на европските искуства во енергетскиот сектор и стимулирање на позитивни промени во Северна Македонија и регионот. На овој отворен Вебинар ги претставивме основите на енергетската трансформација базирана на партиципативна, инклузивна и децентрализирана зелена економија преку промовирање на концептот за енергетска демократија“, заклучуваат организаторите.