КОП26: Многу надеж, малку договорени чекори

Дводелниот КОП26 во Глазгов заврши со мала доза ентузијазам дека поставената цел од 1,5 степени договорени уште на самитот во Париз и истоимениот договор дека целосно ќе се исполнат.



Иако на конференцијата на Страните потписнички на Климатскиот договор во Париз имаше возобновено учество и поддршка од САД преку претседателот Бајден како и заложби од Бразил, Кина и Русија, недостигот на нови обврзувачки договори ги прави целите за ограничување на глобалното затоплување многу ранливи.

Годинава меѓу македонските претставници на вториот дел наменет за граѓанските организации беше и здружението за одржлив развој „Изгрејсонце" претставувано од претседателот Александар Ѓорѓиевски.

 

„Здружението Изгрејсонце посветено на праведната транзиција ги потврдува заложбите за локално и регионално делување за намалување од последиците на климатските промени преку неопходните реформи во енергетскиот сектор и воспоставување на циркуларна економија за заштита на животната средина. Во Глазгов бевме дел и од настанот Green Hub на Зелената европска фондација (GEF) на која разменивме мислења и искуства за претстојните проекти во Северна Македонија и со нашите регионални и европски партнери", посочи Ѓорѓиевски.
Конечниот договор или т.н. Климатски пакт од Глазгов иако беше потпишан од сите учесници, поради одредени интеревенции за употребата на јаглен и разводнувањето на обврските беше критикуван од повеќе земји во развој и особено од земјите од Глобалниот југ каде најсилно ќе се почувствуваат последиците од климатските промени.