Разбирлива е паниката за засилување на енергетската криза и успорување на праведната транзиција кога 40% од гасот се увезува од Русија. Нормално е државата во кризни моменти да планира некои чекори можеби и да се одложат.
Но, меѓутоа прогресот, колку и да е бавен што се случуваше последните години, не смее да запре поради кризата и треба да се работи понатаму на изградба на нови капацитети на замена на она што го имаме како стари електрани како РЕК Битола и РЕК Осломеј затоа што тоа е иднината, вели Соња Ристеска од Агора Енергивенде.
Што побргу да се напушти зависноста од увоз на фосилни горива. Така ќе се подобри енергетската безбедност на државата.
Македонија има доволно сонце кое може и треба да се искористи и не е доволно искористено. Добро е поврзана со соседите, таа регионализација на пазарот навистина треба да се забрза, бидејќи сите земји во регионот се погодени од кризата. Така да што побргу се имплементираат реформите и се оди кон обновлите извори, кон чиста енергија и кон меѓудржавно поврзување толку побезбoлно би се надминале ваквите кризи во иднина.
Подобрувањето во енергетска ефикасност паралелно со праведната транзиција
Самото инвестирање во енергетска ефикасност иако е доста комплицирано затоа што станува збор од домаќинство до домаќинство, не е само да изградите еден капацитет од 700 мегавати и сте завршиле со тоа. Станува збор за обновување на прозори, кровови, изолации и итн. тоа се доста големи потфати кои траат огромен период. Не е само од мандат до мандат за четири години.
Граѓаните погодени од енергетска сиромаштија мора да бидат опфатени.
Што повеќе работиме кон тоа и што повеќе работиме да им се подобрат животните услови на луѓето кои патат од енергетска сиромаштија и потоа имаат други трошоци како здравствени кои се пак на товар на системот, тоа подобро за сите. Мора еден сеопфатен интегриран пристап кон енергетската транзиција доколку државата навистина сака да избегне да има проблеми без разлика дали во кризни или некризни моменти.