Заедничка Земјоделска Политика на ЕУ

Во ова видео, ќе зборуваме за храната, како наша основна потреба.

Пристапот до храна е основно човеково право, тоа значи дека сите ние имаме право да се храниме достоинствено. Но, системот за производство на храна е комплексен, храната пред да дојде до нас поминува низ повеќе фази.

Дали некогаш сте се запрашале кој е одговорен за храната која ја јадеме и кои ни се можностите за пристап до храна која е здрава, одржлива и со прифатлива цена?

За да разбереме како функционираат политиките за храна во Европа, треба да се запознаеме со Заедничката Земјоделска Политика – ЗЗП (CAP).

ЗЗП (CAP) е едно многу важно спроведување на политики кои се директно финансирани од буџетот на ЕУ од самиот нејзин почеток во 1962.

Оваа зедничка политика подразбира 3 клучни активности:

Прво, поддршка на директни приходи:

земјоделците добиваат директни плаќања за да им се загарантира стабилен приход,
како и плаќања за активности кои не се од интерес на пазарите, како што е грижата и уредувањето на руралните предели.

Второ, пазарни мерки:

овие се комплементарни со директните плаќања кон земјоделците, и вклучуваат пазарна интервенција,
со обезбедување на специфична поддршка во одреден земјоделски сектор,
правила за маркетинг на земјоделски производи (како што е обележување и стандардизација),
и менаџирање на тарифните квоти за меѓународна размена.

И трето, мерки за рурален развој:

Секоја земја членка добива финансиски алокации за имплементација на барем една национална програма.Секоја Земја или регион на ЕУ одлучуваат кои мерки се најдобри за нив, врз основа на нивните регионални потреби, под услов избраната програма да биде во согласност со ЕУ стандардите.

Уште од самото создавање, целта на ЗЗП (CAP) е да го максимизира производството, и оваа цел до денес не била повторно преиспитана.

Оваа логика на максимизирање на земјоделското производство и неизбежно презаситување на пазарот не одведе кон неправилна дистрибуција на фондовите (финасиите),
во комбинација со неодржливи практики.

Еве како:

Прво, ЗЗП (САР) субвенциите се исплаќаат врз основа на обработена земјоделска површина - хектар при што нема услов да се исполнат и други критериуми како што се еколошко, одржливо и здраво производство, или стандарди за работнички права и благосостојба на животните.

Големите фарми и неземјоделските земјопoседници имаа голем бенефит од овој вид субвенции;
додека малите фарми (земјоделци) не можат да се натпреваруваат со нив. Малите фарми (земјоделци) не можат повеќе да си обезбедат пристојно живеење, и мораат да престанат да работат.

Ова доведе до загуба на работни места и намалување на економските активности во руралните средини
и како резултат, се помалку луѓе живеат во селата и руралните средини. Во меѓувреме, индустриските фарми го завземаат централното место, носејќи мала вредност за локалните заедници и вработувања за многу мал број луѓе. Исто така имаме огромен недостаток кај продуктивноста без да имаме одржливост:
Фармерите (земјоделците) со помалку земја мора да произведуваат поголеми количини за да остварат профит. За да заштедат, тие се потпираат на увоз на генетски модифицирана соја, или монокултури третирани со пестициди од Соединетите Американски Држави, една шема која го стимулира и придонесува кон приграбувањето земјиште и уништивањето на шумите и саваните во Јужна Америка и Азија.

За да ги намалат трошоците и да бидат во согласност со европските правила, фармерите (земјоделците) се приморани да купуваат семиња од неколку моќни агрохемиски корпорации. Како последица, изгубивме околу 75% од растителната генетска разновидност во изминатите 100 години.

Голем број фармери (земјоделци) користат хемиски (вештачки) ѓубрива и пестициди за да обезбедат профитабилни жетви од ваквите хомогени семиња,
кое што води до загуба на разновидноста на храна, и деградација на квалитетот на водите и плодноста на почвите.

Натпреварот во продуктивноста исто така значи дека вишокот на производи кои нема да можат да се продадат на Европскиот пазар, ќе бидат главно извезени во таканречените земји во развој.

Со високите субвенционирања, големите индустриски агро-компании можат да ги продаваат нивните продукти во овие земји по цени кои се далеку под пазарната вредност.

Ваквите практики го уништуваат локалното земјоделско производство и многу често ја загрозуваат егзистенцијата на локалното население.

Сега кога веќе ја знаеме теоријата зад која стои Заедничката Земјоделска Политика (CAP), можете да видите дека и се потребни прилично многу подобрувања.

Значи, како би требало да изгледа една подобра Заедничка Земјоделска Политика (CAP)? Прво, ЕУ фондовите треба да бидат распределени праведно, и треба да го наградуваат одржливото користење на земјоделско земјиште кое ќе биде погодно како јавно добро. Ова ќе ги стимулира малите, одржливи фарми кои обезбедуваат квалитетни работни места и кои имаат позитивен еколошки аутпут, што понатаму ќе води кон создавање на локални, децентрализирани системи за храна, особено во руралните области.
Една подобра Заедничка Земјоделска Политика (CAP) би обезбедила почитување на социјалните и работничките права на земјоделците и земјоделските работници во ланецот на производство на храна.
Дампинг цените на ниво на земјоделско стопанство, како и неправедната трговска пракса, треба да бидат запрени. И конечно, јавните фондови треба да им овозможат на фармерите (земјоделците) пристојно живеење низ транзицијата кон одржливи практики.

Накусо, потребна ни е политика која ќе биде кохерентна со политиките за животна средина, клима и развој на Европската Унија, и таа треба да овозможи пристап до здрава храна за сите, и воедно да им помогне на руралните заедници да напредуваат!

За жал, не е толку едноставно, бидејќи на овие реформи се спротивставуваат екстремно моќни учесници во овој сектор: големи индустриски фарми, хемиската и извозната индустрија, малопродажбата, дисконтите и супермаркетите сите овие се залагаат да се одржи статус кво состојбата, за да си го заштитат својот профит.

Па затоа, од нас зависи да ја истакнеме одговорноста на креаторите на политики и да бараме промена!