social image

Изданија

ЕВРОПСКА ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА ЗА ПОДОБАР СВЕТ

Оваа книга претставува дел од транснационалниот проект Праведна транзиција на Зелената европска фондација. Проектот ги испитува прашањата поврзани со трансформирање на економијата од екстрактивна во регенеративна на праведен и еднаков начин, со надеж дека ќе наиде на неопходната поддршка кај граѓаните. Проектот се фокусира на собирање и споделување сознанија за развојот на трајни политики и начела што се создадени на чувствителен начин, имајќи ги предвид локалните специфики.
Зелен европски журнал - Живот во шок, разбирање на пандемијата
Пандемијата се случи токму кога екологијата се прилагодуваше на новата централна позиција. Иако борбата против климатските промени е далеку од извојувана, таа сега ја формира домашната и глобалната политика. Со Ковид-19, последиците одат многу подлабоко.
Зелен европски журнал - Жив свет, зелената политика во Европа и пошироко
Принципите што ја инспирираа европската интеграција се основни за зелено размислување: помирување, соработка, разјаснување и гледање подалеку од краткорочните интереси.

Статии

Што ако климатската и социјалната правда ја одреду... 25.05.2024 Во последно време станаа популарни апелите на климатското движење „загадувачот да плати“ и „оданочете ги богатите“, кон ... Види детали
Сите блог статии од Публикации

Обединети во различноста? Соочување со енергетските поделби во Европа

Хелен Томпсон
Иако енергетиката е заедничка основа на европската економија, земјите-членки на ЕУ имаат впечатливо различни енергетски политики. Во контекст на прилагодување на безбедносната, економската и на еколошката криза, сè почести се апелите за надминување на тензиите во поглед на енергенсите. Разговаравме со економистката Хелен Томпсон за разликите што ги наметнува енергетската криза, за владините реакции на актуелното безредие и на изгледите за поголемо европско единство.

 
Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски

 
Македонски
 

Дваесет години подоцна: Одложеното интегрирање на Западен Балкан во ЕУ

Антониос Несторас
25 октомври 2023
Како што Западен Балкан одбележува две децении од Солунскиот самит во 2003 година, регионот го обзема атмосфера на размислување, а не на прославување. Среде иницијалните надежи поттикнати од посветувањето на Самитот кон проширување на ЕУ, патот кон интеграцијата беше исполнет со проблеми и фрустрации. До некаде неочекувано, за ова одложување е виновна состојбата во која се наоѓа јавната администрација.
 

Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски
 

Жештина во градовите

Селија Фернандез
Поради порастот на температурите во летните месеци станува неподносливо да се живее во европските градови. Пристапот до разладени домови и објекти отпорни на климатските промени, како паркови и базени, не треба да биде ограничен само на оние што можат да си ги дозволат.
 

Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски
 
 

Заштитувајќи ја природата, овластувајќи ги луѓето: Еколошки протести на Балканот

Ралука Беслиу
Во последно време, граѓаните на Србија и на Албанија понудија инспиративни примери на мобилизација против екстрактивизмот и уништувањето на екосистемот. Може ли нивниот успех да се преслика насекаде низ Балканот и подалеку?
 

Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски

Од енергетска криза до енергетска демократија

Клеа Фаш, Иго Широл, Леа Леграс
15 септември 2023
Европските општества не би функционирале без енергенси, што е токму причината зошто енергетската транзиција претставува толку длабока трансформација. Во првиот напис од нашата серија за урбана политика во услови на климатски итна состојба, прашуваме дали локалната енергетска демократија може да ги надмине пречките со кои се соочува зелената транзиција. Фосилните горива нè држеа во големи, безлични енергетски системи врз кои имавме мала контрола или воопшто ја немавме. Можат ли обновливите енергии да го реполитизираат, па дури и да го демократизираат нашиот однос со енергенсите?
 

Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски

Може ли ЕУ да предводи во светот во однос на климата?

Едуар Годо, Натали Точи
18 јули 2023
Во последно време, ЕУ ги претвора кризите во можности за да ја придвижи својата зелена агенда. Но, кога станува збор за енергетската транзиција, надминувањето на внатрешните поделби помеѓу земјите-членки не е доволно: Зелениот договор не може да успее без силна надворешна димензија. Натали Точи објаснува како ЕУ треба да ја предводи глобалната борба против климатските промени.
 

Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски

Можат ли да коегзистираат земјоделството и биодиверзитетот?

Адам Кало
26 октомври 2023
Како начин да се ослободи земјиште за да се зачувува биодиверзитетот, а при тоа да се задоволи зголемената побарувачка за храна, техно-оптимистичките наративи предлагаат бесконечно зголемување на земјоделското производство, вклучително и преку масовна примена на пестициди. Но, овој став кој се пренесе од академските во корпоративните кругови и во оние на креаторите на политики ја занемарува комплексноста на природните екосистеми и на динамиката на пазарот кои го регулираат пристапот до храна.


Линк до статијата на интернет страната на Зелениот Европски Журнал на:

Англиски