Работилница за Енергетска демократија преку поддршка на формирање на енергетски заедници и задруги

Како дел од Мрежата на Централна и Источна Европа на здруженија и фондации во Зелената европска фондација - ГЕФ, во Виена се одржа работилница за Енергетска демократија каде беа презентирани новитетите на оваа важна тема која е дел од праведната енергетска транзиција
Работилницата ја водеа Александар Ѓорѓиевски, претседател на Здружението Изгрејсонце, и Мајкл Берг од ГЕФ, додека пак презентација одржа Кирјаки Метакса од канцеларијата на фондацијата Хајнрих Бол во Солун
Дел од соработката во Мрежата на организации на ГЕФ од Централна и Источна Европа во иднина ќе се насочи кон работа и промоција на концептот на Енергетска демократија преку поддршка на формирање на енергетски заедници и задруги, размена на искуства преку студиски посети, мапирање на националните и европските регулативи, и наоѓање на практични решенија
Во наредниот период Здружението Изгрејсонце ќе продолжи да ја промовира идејата за Енергетска демократија преку работа со првите македонски енергетски задруги, едукација на млади и со сите засегнати страни за подобрување на процесот на носење одлуки и вклученост во наредните проекти

Галерија