На годишното Собрание на Европската зелена фондација -
GEF - Green European Foundation учествуваа организации од цела Европа за да разговараат и ги претстават нивните визии и активности кон обезбедување подобра социо-економска иднина и надминување на актуелните кризи преку зелени и одржливи политики.
На Собранието учествуваше и Здружението Изгрејсонце со фокус на подобрување на енергетската демократија, унапредување на учеството на граѓаните во носењето одлуки за заштита на животната средина и подобра искористеност на обновлите извори на енергија
Во периодот што следи Изгрејсонце ќе се фокусира на Европскиот Зелен Договор и Агендата за Западен Балкан како и регионалното унапредување на концептот на Граѓански собранија.