Актуелно

Седмо издание на Македонскиот енергетски форум

Енергетската транзиција ќе бара правилна стратегија, план за реорганизација на јаглените региони во РЕК Битола и Осломеј, но и поддршка од ЕУ
На Седмото издание на Македонскиот енергетски форум имавме чест да бидеме поканети и да присуствуваме, препознаени од нашите граѓански активности за енергетска демократија
Во таа насока продолжуваме да го даваме и нашиот придонес кон праведна и одржлива енергетска транзиција, и да бидеме дел од решенијата
Здружението Изгрејсонце во наредниот период ќе работи заедно со @Electra Energy Cooperative од Грција и ДБУ @Deutsche Bundesstiftung Umwelt од Германија за инвестиција во првиот агрофолтаик во урбана градина покажувајќи го правецот кон поголема примена на обновливите извори на енергија
Истовремено ќе ги следиме и најавените реформи во македонскиот енергетски сектор

Галерија