Јавен повик за ангажирање на Експерт или правно лице за изработка на веб платформа за пријавување случаи на корупција.

Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата во животната средина ИЗГРЕЈСОНЦЕ - Здружение за Оддржлив Социо-Економски Развој - Скопје, го објавуваме овој Јавен повик за прибирање понуди за ангажирање на Експерт или правно лице за изработка на веб платформа за пријавување случаи на корупција.
 
Проектот има за цел „Да се мобилизираат граѓаните и да се создаде партнерство со медиумите во борба со корупцијата во животната средина“.
 
Сите експерти/правни лица  треба да поседуваат релевантно искуство во соодветната област. Потребното професионално искуство, како и задачите на експертот/правното лице во рамките на проектот, се наведени во Terms of Reference (ToR), кој е приложен кон ова барање.
 
Времетраењето на проектот е од 01.11.2024 до 30.10.2026 година, а Експертот /правното лице за изработка на веб платформа за пријавување случаи на корупција ќе биде ангажиран кон крајот на декември 2024 година. Ангажманот на изработката на полатформата ќе трае вкупно два месеци (еден месец за изработка и еден месец за тестирање). Експертот / правното лице ќе биде достапен/но за поддршка до крајот на проектот, во случај да има потреба од интервенции на платформата. Компензацијата е утврдена врз основа на усвоениот буџет на проектот од страна на донаторот.
 
Селекцијата на експертите ќе биде извршена врз основа на:
  • Преглед на биографиите, за да се оценат компетенциите и искуството на кандидатите
  • Финансиските понуди
  • Интервјуа со кандидатите (доколку е потребно)
 
Ве молиме да доставите Ваша биографија (CV) - максимум 3 страници со примери од претходна работа поврзана со темите обработувани со проектот, како и Финансиска Понуда и Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси, најдоцна

до 22.12.2024 година, на имеил    aleksgo@gmail.com или на
zmemedovahristova@yahoo.com.
 
За повеќе информации или поднесување на понуди, контактирајте ги Александар Ѓорѓиевски 077722024 или Зекија Мемедова Христова на 070305964.
 
Ве молиме проучете го Terms of Reference (ToR) за повеќе детали за проектот и очекувањата од експертите.