social image

Нешто повеќе за нас

ИЗГРЕЈСОНЦЕ е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина формирано во 2009 година. ИЗГРЕЈСОНЦЕ своите цели ги остварува преку активности за подигнување на свеста и зголемено учество на граѓаните, спроведување и учество на проекти, како и организирање на едукативни, информативни и стручни настани.
Времето за преземање на акција истекува, но зелените мерки го имаат одговорот на се поголемите предизвици за справување со климатските промени и зачувувањето на животната средина
Зеленото семејство постојано расте, тоа го покажува и интересот за нашите едукативни и информативни настани и материјали, па затоа ќе продолжиме да работиме заеднички на изнаоѓање на решенија.
Мисија

Нашата мисија е да ги зајакнеме граѓаните и локалните заедници активно да учествуваат во одлуките и проектите што влијаат врз нивната животна средина и енергетска иднина. Преку истражување, едукација, застапување и практични пилот-проекти, развиваме решенија што придонесуваат за заштита на природните ресурси, намалување на зависноста од фосилни горива и праведна распределба на придобивките од зелената транзиција.

Визија

Нашата визија е општество со зачувана природа, отпорни локални заедници и демократски енергетски систем, во кој граѓаните не се само потрошувачи, туку информирани учесници, сопственици и двигатели на одржливите промени. ИЗГРЕЈСОНЦЕ ќе биде посветено на премин кон циркуларна економија, остварување на целите од праведната транзиција и овозможување на енергетска демократија.

Цели

Нашите цели се: • Зачувување на биолошката разновидност; • Спречување и ублажување на последиците од климатските промени; • Заштита и унапредување на животната средина и природата; • Унапредување на еколошкото и енергетското образование; • Промовирање на принципите на одржлив развој и праведна енергетска транзиција; • Поттикнување на користењето обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност и декарбонизацијата; • Развој, промовирање и поддршка на енергетски заедници и енергетски задруги, како демократски модели за активно учество на граѓаните и локалните заедници во производството, користењето и управувањето со енергијата од обновливи извори; • Поттикнување соработка меѓу граѓаните, општините, јавните институции, граѓанските организации и деловниот сектор при развојот на локални енергетски и еколошки решенија; • Креирање мерки, јавни политики и предлози за подобрување на законската и институционалната рамка во областа на животната средина, климатските промени, обновливите извори на енергија и енергетските заедници; • Едукација и зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни во општеството за заштита на животната средина, одржливо користење на природните ресурси и активно учество во енергетската транзиција; • Поддршка на граѓаните, вклучително и младите, жените и ранливите домаќинства, за нивно рамноправно учество во енергетските заедници и користење на придобивките од обновливата енергија.